Home Вебкафе Пожарот кој го предизвика му донесе казна од 37 милиони долари

Пожарот кој го предизвика му донесе казна од 37 милиони долари

Поради огнометот кој го фрли во кањон во Орегон, САД, кој предизвика облак чад кон него и неговите другари, некои од групата се смееја, а други снимаа видео од нивната игра, додека беа несвесни за опасноста која се заканува, на тинејџерот што го направи тоа му пресудија дека треба да плати милионска сума обештетување.

Фрлањето на огнометот предизвика голем пожар, што резултираше со 10-дневно затворање на меѓународниот автопат во близина, евакуација на населението и уништување на кањонот на реката Колумбија, кој претставува значајна туристичка атракција. „Пожарот на Игл крик“, како што е познат, беснееше два месеци, зафаќајќи површина од 19 илјади хектари, се додека не беше изгаснат на 30 ноември минатата година. Справувањето со огнот ја чинеше пожарната служба 26 милиони долари. Локалните бизниси, пак, претрпеа штета од 2,6 милиони долари.

Осум месеци подоцна, судот му нареди на 15-годишното момче кое го предизвика пожарот, да плати отштета од 37 милиони долари. Тој е осуден на пет години условна слобода, на општествено-корисна работа во траење од 1.920 часа, а мораше да напише и писма на извинување за 152 луѓе.

Судијата на округот Худ Ривер, Џон Олсон, истакна дека е свесен оти момчето нема начин да ја плати милионската сума. Судот затоа овозможил воспоставување на програма за плаќање, која би можела да биде прекината по 10 години, без исплата на целата сума, доколку тој не направи ниту еден прекршок во текот на петте години условна слобода. Сојузната држава Орегон е овластена да зема пари од идната заработка на момчето. Доколку тој добие премија на лотарија, таа би припаднала на државата.

Мајката на виновникот кажа дека пожарот „предизвикал траума“ кај нејзиниот син и дека „тоа била грешка“, додавајќи дека стравува од реакцијата на јавноста и последиците за нивното семејство кое е од Украина (властите го држат идентитетот на момчето во тајност). Тинејџерот се изјаснил како виновен за палење на приватен и на државен имот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…