Повторно во Дубаи: Овој е новиот највисок хотел на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кулата Сиел (Ciel Tower), изграден каде на друго место ако не во Дубаи, е новиот највисок хотел на светот.

Засега овој примат го има хотелот „Гевор“ во Дубаи, висок 356 метри, кој во 2018 година официјално беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како највисок хотел на светот. Сепак, тоа ќе биде кратко, висококатницата на 75 ката наскоро ќе биде засенета од „витката“ Сиел Тауер, која ќе биде висока 360 метри и ќе има 1.042 соби и апартмани, распоредени на 82 ката.

За дизајнот на кулата, која се гради во богата крајбрежна населба во Дубаи, одговорно е бирото за архитектура ХОПП, кое се потпишува на можеби најпрепознатливиот хотел во Дубаи, познатиот „Атлантис“.

Висококатницата ќе има стаклена набљудувачка платформа која ќе пружа поглед на градот од сите страни. Посетителите ќе уживаат и во панорамскиот поглед од хотелскиот базен на покривот.

„Со никого не се натпреваруваме, едноставно сакаме да го направиме она што носи профит и убавина на нашиот град и тоа ќе го направиме“, велат од „Атлантис“.

Дизајнерите во декември добиле три награди ИПА, за најдобра меѓународна архитектура на хотел, најдобра арапска хотелска архитектура и најдобра арапска кула.

Новиот хотел ќе има луксузен велнес-центар, деловни простории и низа наградувани ресторани, кои ќе бидат претставени следните месеци.

Изградбата почнала во 2016 година, а последната година во истата населба израснале низа исклучително високи кули, вклучително и Каван тауер, висок 306 метри и 425 метри високата зграда Марина 101.