Славни

Васил Гарванлиев ќе биде македонски претставник на Евровизија во Холандија

Со интерна одлука на Македонската Радио Телевизија, пејачот Васил Гарванлиев е избран за македонски претставник на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија кој ќе се одржи во Ротердам, Холандија.

За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен избор, што стана пракса изминативе неколку години. Васил имаше огромна поддршка од познатите евровизиски интернет-страници и фанови, кои од лани неколкупати коментираа дека Васил треба да ја претставува Македонија на Евросонг. Допрва треба да се одлучува со која песна ќе настапи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg) on

На минатогодишниот Евросонг Васил беше дел од тимот придружни вокали на нашата претставничка Тамара Тодевска во Израел. Васил Гарванлиев јавноста го запозна пред 25 години кога на „Златно славејче“ ја пееше „Марионка“. Потоа тој замина во САД, Италија и во Канада, каде што живееше со години. Се врати во земјата и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.

Advertisements
To Top