Сообраќајка целосно ја затвори делницата меѓу Велес и Скопје – судир на пет возила


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На сообраќајната автопатна делница меѓу Велес и Скопје, кај местото Кула, утрово околу 8 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу пет возила, поради која автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај.

Од МВР за „Макфакс“ велат дека пред еден час било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, се судриле пет патнички моторни возила.

„На терен се излезени екипи од СВР Велес, се чекаат информации од местото на настанот. Засега нема информации дали има повредени лица во несреќата“, велат од МВР.