Повраќање и паѓање во несвест – реакции кои ги предизвикува кај публиката новиот хорор-хит (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот хорор филмски хит Terrifier 2 предизвика повраќање и несвестица кај некои гледачи поради интензивна болка и вознемирувачки сцени, а самиот продуцент на филмот издаде предупредување за оние со слабо срце.

Филмот Terrifier 2 штотуку излезе во Соединетите Американски Држави и веќе добива многу пофалби, заработувајќи 91 отсто позитивна оценка на Rotten Tomatoes. Terrifier 2 ја следи приказната за Арт кловнот кој прогонува тинејџерка и нејзиниот брат за време на Ноќта на вештерките. И покрај насилството и хоророт, филмот доби одлични критики, а некои го нарекоа „најдобриот хорор филм на годината“.

Се вели дека делови од филмот се толку крвави и насилни што некои кина морале да повикаат брза помош бидејќи гледачите се онесвестувале. Меѓу критиките, се наведува дека Terrifier 2 повлекува „крвав хаос“ и го карактеризира како „веројатно најкрвавиот, најлудиот, најбруталниот хорор филм што ќе го гледате цела година“.

„Само што излегов од киното. Овој филм беше целосно лудило. Некои од најбруталните сцени на смрт што сум ги видел во хорор филм. Имаше делови каде буквално гласно кажав “Исусе Христе” во кино.” коментираше еден гледач.

Филмот е прикажан во американските кина и стана голем хит меѓу љубителите на хорор, но некои споделија приказни за други филмски гледачи кои не уживале толку во филмот. Еден од гледачите го споделил своето искуство велејќи дека некој зад него во киното се онесвестил, додека тој слушал како други излегуваат и повраќаат. Филмот е толку брутален што еден од продуцентите, Стив Бартон, објави предупредување до гледачите на Твитер.

„Овој филм содржи сцени на графичко насилство и брутални прикази на хорор. На гледачите кои се со слабо срце, склони кон вртоглавица или слаб стомак им се препорачува да бидат крајно внимателни. Веќе има бројни случаи на несвестица и повраќање во кината. За оние кои ќе изберат да продолжат, вие сте предупредени…“, рече тој.