Home Вебкафе Повеќето не го ни користат: Дали знаете за што служи просторот под рерната од вашиот шпорет?

Повеќето не го ни користат: Дали знаете за што служи просторот под рерната од вашиот шпорет?

Најголем број од луѓето во фиоката под рерната на шпоретот чуваат алуминиумска фолија, капаци, калапи за слатки, пластични кутии и слично. Без оглед на тоа што ставате внатре, сигурно не ја користите за она за што ја намениле произведувачите.

Всушност, оваа фиока служи за да ги одржува јадењата топли. Таа е „топла фиока“ во која можете да ја ставите храната после нејзиното печење за да ја задржи температурата погодна за сервирање.

Ако сѐ уште го чувате упатството за вашата рерна, проверете што пишува во него. Во најголем дел од нив се препорачува внатре да ја ставате топлата храна, додека пак ладната или онаа која била на собна температура, не може да се загрее.

Ако досега не сте ја искористиле за оваа намена, тогаш вреди да го пробате овој трик кога ќе приготвувате нешто за вашите гости. И да доцнат, вие сепак ќе ги послужите со топла и вкусна храна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…