Потроши скоро 35.000 евра за да се претвори во нацистичкиот негативец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хенри Родригез е татко на тригодишниот Арон. Воедно, тој е и човекот кој списка скоро 35.000 евра на операции и надградби за да изгледа како Red Skull, нацистичкиот  анти-херој од стрип екипата на Marvel.

Во текот на последните седум години, Хенри ги истетовира очите во црна боја, вгради импланти во главата и си отсече дел од носот – сè со цел што повеќе да личи на главниот непријател на Capetan America, пренесува британски Metro.

10-12-red-skull1

Трансформацијата почна откако тој се запозна со Емилио Гонзалез, неуспешен студент по медицина кој се специјализирал за тетовирање и екстремни зафати. „Почнав пред седум години. Сакав да се претворам во неверојатниот лик од стриповите на кого му се восхитувам уште откако бев мал“, вели Хенри и додава: „Мислам дека има многу сличности помеѓу него и мене кога се во прашање личноста, карактерот и ставот. Кога е во прашање изгледот, секогаш ме привлекувал тој уникатен облик, како и екстровертната личност и уникатност“.

Не сум нацист

Но, со еден дел од ликот на Red Skull Хенри не сака да има никаква врска. „Важно е да потенцирам дека единствено нешто кое не го делам со него е нацистичката идеологија“, одлчно тврди Хенри.

10-12-red-skull2

Човекот кој му ги изврши операциите објаснува дека Хенри морал да помине низ неколку психолошки и здравствени тестови пред да можат да започнат со оперативните зафати. Вкупно, сите операции траеле 130 часа, а првата која ја направил било тетовирањето на очите.

„После тоа ставив два импланти под кожата. Тоа траеше околу две години бидејќи тоа е процес кој мора да се изведува постепено. Траеше подолго отколку што очекувавме“, вели живиот анти-херој.

Важно ми е дека мојот син ме сака

Родригез признава дека луѓето имаат свои реакции на неговиот изглед, но дека тоа не му пречи.

10-12-red-skull3

„Луѓето реагираат доста различно – понекогаш смешно, понекогаш чудно. Но, тука сме за да ги едуцираме нив. На моето семејство не им беше лесно да го прифатат мојот стил на живот, но тие и понатаму се мое семејство и дел од мене“, додава Хенри и заклучува: „Мојот син Арон има три години. Кога тој ме прифаќа и ме сака, не ми е важно што ќе речат другите. Важно ми е да сум среќен и сам себеси да се прифатам. Секогаш ќе не осудуваат, што и да направиме. Одлучив да бидам она што сум сега и задоволен сум од самиот себе. А тоа е најважно“.