Home Шоубизнис Славни Посветен пијач: Колку и како локал сер Винстон Черчил

Посветен пијач: Колку и како локал сер Винстон Черчил

Веднаш штом ќе станел, сер Винстон Черчил го започнувал својот работен ден во кревет. Уште во пижами, опкружен од секретарки и документи, човекот одма се фрлал на работа, паралелно консумирајќи ја својата прва пијачка за денот – виски (секогаш Џони Вокер) и сода, кои го чекале веднаш до креветот.

Оваа пијачка ја пиел обично кај 9 часот наутро, и за љубов на вистината, секогаш била слаба“. Некои ја викале „плакнење на устата“.

Кај 10 или 10:30 наутро, Черчил веќе ја пиел својата втора пијачка, повторно Џони Вокер и сода. А да, во тоа време обично уште бил во кревет, работејќи од постела во тој период.

Еден час подоцна, околу 11 часот, Винстон веќе го „млачел“ третото виски со сода за тој ден. Но, сега е веќе станат од кревет и полека почнува „да се грижи за британските нешта кои треба да бидат средени“. Каков чај, какви бакрачи, човеков посветено цепел виски отсабајле – „до даље“.

Додека се спремал ручекот, Черчил бил во фазон за пиење уште алкохол. Само што, сега вискито веќе не било на мени. Време било за шампањ. Неговиот омилен бил Pol Roger. За време на ручекот ќе „здрвел“ едно цело шише, мезејќи леќа и месо.

Веднаш после ручек, Черчил се враќал на работа. Додека работел, лабаво си мерачел добар коњак. После чаша или две коњак после ручекот, Черчил набрзина ќе се опуштел со едночасовна попладневна дремка.

После дремката, Винстон се враќал на работа. Додека работел, нормално, си пиуцкал. Овој пат, повторно виски и сода, на секој час од 16 до 19 часот.

Пред вечера, ќе си пивнел една добра чаша од неговото омилено Amontillado шери. За време на вечерата – повторно од омилениот шампањ. После вечерата време било за бренди пред спиење.

И така секој ден. Со години.

Load More Related Articles
Load More In Славни
Comments are closed.

Check Also

„Тешко ми е да играм со ‘овие’ две на мене“

Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманиет…