Постои објаснување: Зошто Роналдо стои бочно при интонирање на химната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристиано Роналдо блеска на Светското првенство во Русија. Меѓутоа, сега нема за зборуваме за неговите голови или рекорди, туку за начинот на кој што стои при интонирање на химната.

Многумина корисници на социјалните мрежи приметија дека Роналдо стои поинаку од соиграчите при интонирањето на химната, поточно стои бочно.

За сето тоа да биде уште поинтересно, исто така стоеше и голманот на аргентинската репрезентација Вили Кабаљеро пред мечот со Исланд.

Зошто стојат на тој начин? Одговорот е многу едноставен – гледаат во знамето на својата држава додека ја пеат химната!