Постигнат е договор – Челзи има нов менаџер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челзи во наредните часови и официјално ќе го потврди Грем Потер за нов менаџер на тимот, пренесуваат медиумите на Островот.

„Скај спорт“ пренесе дека бил постигнат вербален договор меѓу трите засегнати страни и потребно е во текот на денот да се формализира договорот.

Наводно, Челзи ќе му плати на Брајтон 16 милиони фунти, за да го откупи Потер, со што тој ќе стане најскапиот менаџер во Англија.

Брајтон претстојниот викенд во Премиер лигата ќе игра против Борнмут, а пресконференцијата на Потер во пресрет на тој меч беше откажана, бидејќи преговорите со Челзи беа во завршна фаза.