Постави светски рекорд пловејќи во џиновска тиква од 619 килограми


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Том Пирси постави светски рекорд со неговото препловување на реката Оуз во британската област Јорк со чамец кој го изработи од џиновска тиква.

Том Пирси, кој работи во ,,Јорк Лавиринт”, тврди дека е светски рекордер кој пловел во тиква, со тежина од 619 килограми.

Бидејќи во моментов нема официјален светски рекорд за најголем чамец од тиква, “Јорк лавиринт” аплицираше во Гинисовата книга на рекорди за да го признаат ова достигнување.

Огромната тиква и чамецот направен од неа ќе биде изложена во компанијата на Пирси до 4 ноември.