Home Шоубизнис Последната сезона од Game of Thrones ќе ве остави без зборови

Последната сезона од Game of Thrones ќе ве остави без зборови

Како што имавме можност да дознаеме, новата и последна сезона од планетарно популарната серија „Game of Thrones“ стигнува во април 2019 година. Ќе има само шест епизоди и изгледа тие ќе бидат доволни за да нè остават без зборови.

Режисерот Дејвид Натер потврди дека ќе станува збор за долги епизоди, но и дека за епското финале се подготвуваат неверојатни пресврти.

„Ако ја споредиме осмата сезона со епизодата Red Wedding, морам да ви речам само едно – спремете се за нешто посебно. Ќе биде спектакуларно, инспиративно и задоволително. Ќе има премногу изненадувања и шокантни моменти“, одговори Натер за време на гостувањето на Reddit AMA.

За оние кои можеби не знаат, „Red Wedding“ се смета за епизода во која се случи еден од најголемите и најшокантни пресврти во серијата, а во неколку минути настрадаа голем број клучни ликови.

Додуша, во оваа фаза од серијата смртта на главните ликови и не е веќе толку шокантна, а единствено прашање е дали најавениот нов пресврт ќе биде уште еден голем „масакр“ или нешто друго.

Натер за крај додаде: „Војската на Белите шетачи нема да биде единствен проблем со кој ќе се соочуваат ликовите во осмата сезониа. Ќе има и меѓусебни судири“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …