Последен поздрав за режисерскиот бард: Почина култниот Бернардо Бертолучи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По долго и тешко боледување, на 77-годишна возраста, во Рим почина италијанската режисерска легенда, култниот Бернардо Бертолучи.

Својот прв филм Бертолучи го сними на 21-годишна возраст и важеше за најголемиот италијански филмаџија на својата генерација, со успешна кариера и во Европа и во Холивуд. Зад камерата со својата режисерска палка ги реализираше вонвременските филмови: контроверзниот „Последното танго во Париз“ со Марлон Брандо и Марија Шнајдер кој му донесе номинација за Оскар за најдобра режија, за „Последниот кинески цар“ во 1988 та беше номиниран за Оскар и ги освои сите девет Оскари. Бертолучи меѓу останатите филмови ги режираше и „Чај во Сахара“, „Дваесетиот век“, „Конформист“, „Малиот Буда“ и „Украдена убавина“.

Бертолучи својата кариера ја започна во 60- те вбројувајќи се во клучните фигури на познатиот италијански „нов бран“. Беше рамо до рамо со великаните на италијански филм како Фелини, Пазолини и Антоњони. Својот последен филм насловен „Јас и ти“ , 25 по ред кој го сними во 2012 та година според истоименото дело на истакнатиот италијански писател Николо Аманити.

Веднаш по овој филм Бертолучи целосно се повлекува и во изминативе десет години животот го мина во инвалидска количка, по неуспешната операција на дискус хернија. Бернардо Бертолучи, култниот италијански режисер ќе биде погребан во Рим.