Home Актуелно Последен ден изборна кампања – утре молк и гласање во недела

Последен ден изборна кампања – утре молк и гласање во недела

Денеска завршува изборната кампања на партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори. Утре е молк, а в недела се гласа.

Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО­-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Крушево и Прилеп.

Коалицијата на СДСМ За живот во Македонија ќе има митинг во скопската општина Гази Баба.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи митинг на плоштадот во ТЦ Лептокарија.

Коалицијата ВМРО за Македонија ќе има средба со граѓани во општина Прилеп и митинг во Битола. Кандидатите од ИЕ 1 на коалицијата ВМРО за Македонија со мобилниот тим денеска од 12 часот ќе имаат средби со граѓаните на Македонски Брод.  Во 13,30 часот на плоштадот во Прилеп изјава ќе даде лидерот на коалицијата ВМРО за Македонија Љубчо Георгиевски.

Политичката партија Левица во 12,30 часот во паркот Жена Борец во Скопје ќе ја одржи својата завршна прес конференција, заокружувајќи ја на тој начин својата предизборна кампања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…