После цели шест години ќе гледаме финале во ЛШ без Роналдо и Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двете мегаѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси и Кристиано Роналдо, кој веќе една деценија ја диктираат модата во фудбалот, за прв пат после шест години ниту еден од нив нема да биде во финалето од Лигата на шампиони.

Капитенот на Барселона и неговите соиграчи синоќа беа елиминирани во полуфиналето после сензационален пресврт на „Енфилд“. Ливерпул одигра историски меч и ги победи Каталонците со 4:0, после поразот од 3:0 на „Камп Ноу“.

Така Меси четврта година по ред нема да игра во финале на најпрестижниот турнир во Европа. Аргентинецот, кој има 4 трофеи во ЛШ, последен пат играше во фианле во 2015 година во Берлин, кога неговиот тим беше подобар од Јувентус.

Јувентус и Кристиано Роналдо пак оваа сезона беа елиминирани во четвртфиналето од Ајакс. Португалецот кој ги освои последните три титули во ЛШ со Реал Мадрид, оваа година нема да игра во финалето.

Така после 2013 година за прв пат еден од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Меси и Роналдо, нема да се борат за трофејот во финалето.

Интересно е што пред шест години во финалето играа Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, која тогаш беше предводена од Јирген Клоп.