После само три епизоди: Оваа серија има подобри оценки од Game of Thrones и Breaking Bad


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата НВО мини серија „Chernobyl“ ги воодушеви гледачите до таа мера, што некои уште после првата епизода ја прогласија за една од најдобрите серии на годината.

Иако досега се емитувани само три епизоди (од вкупно петте), серијата веќе има добиено подобри оценки на IMDB и од планетарно популарната Game of Thrones, како и од  хит серијата Breaking Bad.

Моментално „Чернобил“ има импресивна просечна оценка 9,6, а истата не престанува подеднакво да ги воодушевува и публиката и критиката.

Мини-серијата во пет продолженија прикажува што тргнало наопаку во нуклеарната електрана „Чернобил“ во бившиот Советски Сојуз, ноќта на 25. спроти 26. април, 1986 година. Но, прикажува и како дошло до експлозијата, а ги прикажува и последиците.

Очигледно фактот дека е снимена по вистинити настани најмногу го привлекува и задржува вниманието на гледачите, а многумина на социјалните мрежи ја прогласија за ремек-дело.

„Никогаш во животот не сум видел нешто толку ужаснувачко како Чернобил. Ни приближно нешто слично. Вистински хорор, а сето тоа навистина се случило. Понекогаш телевизиските драми можат подобро да ни ги отворат очите за нешто што навистина се случило отколку било кој друг медиум“, гласи еден од коментарите.

Чернобил е ремек-дело. Ако уште не сте почнале да го гледате, мора да го направите тоа, верувајте ми“, пиша друг твитерџија.

Чернобилската катастрофа уште се смета за една од најголемите и најстравични катастрофи за кои е виновен човекот. Според ВВС, оваа катастрофа погодила повеќе од 3,5 милиони луѓе и контаминирала 50.000 квадратни километри земјина површина.