Спорт

После Пол Погба, уште еден отпшан се враќа на Олд Трафорд?

Познато е дека минатото лето Мурињо го врати Погба, од кого се одрече Фергусон, а сега „Специјалниот“ може да ја плати скапата грешка, и тоа повторно скапо, на својот претходник Ван Гал.

Имено, Јунајтед е спремен во своите редови да го врати момчето од кое се одрекоа во 2015 и го пуштија во Барнли за околу 2 милиони фунти.

Во прашање е новопечениот репрезентативец на Англија, Мајкл Кин, кој после заминувањето од редовите на Јунајтед, стана еден од најдобрите млади дефанзивци во Премиер лигата.

Веќе неколку клуба покажаа интерес за неговите вештини и игра. Евертон наводно е во полпозиција, но нема сомнеж дека интересот од Олд Трафорд би можел да го натера Кин да го смени ставот и да се врати во својот бивш клуб.

Минатото лето Лестер се обиде да го доведе за 20 милиони фунти, но управата на Барнли го одби тоа, а се верува ова лето клубот може да се согласи за продажба на Кин за 30 милиони фунти, доколку Мурињо е спремен да искешира толку за него, секако.

To Top