После 60 години традиција автомобилскиот гигант General Motors го менува логото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Автомобилскиот американски гигант General Motors ја претставува кампањата „ Everybody in“, чија цел е да создаде свет без емисии и загадување, но и без сообраќајни несреќи.

Во овие рамки, GM има три јасни линии на дејствување. Првата е да се забрза имплементацијата на електричните погони, односно свесноста на корисниците. Потоа, тука е познат напорот од другите производители, а тоа е да се стане електричен лидер. И, конечно,GM се обидува да ги потенцира сите придобивки од својата платформа Ultium.

И додека го чекаме доаѓањето на првите електрични модели од новата генерација, моделите Hummer EV и Cadillac Lyriq, компанијата најавува дека го редизајнирала своето лого. Иницијалите се оставени, но знакот сега е со мали букви. Можеби изгледа како ситна промена, но ова е прва промена од 1964 година. Имало мали промени во 2001 и 2010 година, но никој не забележа. GM нагласува дека новото лого е прилагодено на дигиталното опкружување и дека „е создадено за да ги претставува сите 164.000 вработени во компанијата“.