Home Шоубизнис После 5 деца и многу љубовни врски – вечниот ерген „рипа в тавче“

После 5 деца и многу љубовни врски – вечниот ерген „рипа в тавче“

Холивудската актерска ѕвезда со британско потекло, Хју Грант, кој со право светот го знае и нарекува „вечен ерген“, конечно семејно ќе се скраси стапувајќи во брак со неговата партнерка, Швеѓанката Ана Еберстајн. Со тоа Грант ќе му стави точка на деценискиот ергенски живот.

За Грант, кој има 57 години, ова ќе биде прв брак, а неговата идна сопруга, 39-годишната Ана, има еден брак зад себе. Двајцата се заедно шест години и имаат три деца.

Таблоидот The Sun објави дека венчавката ќе се одржи за три недели, што е вообичаеното време за чекање за да се добие дозвола за брак од општината. Таблидот додава дека Грант и неговата партнерка неодамна поднеле такво барање.

Грант, кого медиумите го нарекуваат „вечниот ерген“, имал неколку врски, меѓу кои со познатата британска манекенка и актерка Елизабет Харли, продуцентката Џемајма Голдсмит и кинеската актерка Тиглан Хонг, со која има две деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …