Пошта на Македонија во чест и сеќавање на Тоше


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да купите поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk.

Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда.

Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15.12.2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна.

Да се потсетиме на Тоше и да испратиме картичка со поштенска марка, со ликот на Тоше, на наш пријател или до Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и да напишеме колку ни значи Тоше.

Да покажеме дека и сите ние, го сакаме исто толку, колку што тој нè сакаше нас!

АД „Пошта на Македонија“