Портпаролот на грчката влада контра македонскиот министер: Изјавите на Димитров не помагаат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По вчерашната изјава на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој на средбата со Нимиц рече дека за идентитетот нема да се преговара, денес се јави портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос кој ги повтори барањата на Грците: Ново сложено име за Македонија, кое ќе треба да го употребуваме и дома, како и промени во уставот.

Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката Влада вели дека изјавите на шефот на дипломатијата, Никола Димитров не помагаат.

Тој во интервју за државната ТВ ЕРТ ги коментираше ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со медијаторот, Метју Нимиц.

„Политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија, во последните месеци има променето низа изјави од минатото, има усвоено една поумерена позиција и тоа помогна преговорите и разговорите да одат напред и да се создаде една добра клима меѓу двете земји. Мислам дека изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат во оваа насока, бидејќи знае многу добро, а за овие теми разговараа и двајцата лидери господинот Заев и господинот Ципрас дека постојат конкретни барања, политички барања за да можеме да стигнеме до заемно прифатлив договор“- рече Ѕанакопулос, портпарол на грчката Влада.

При гостувањето во емисија на грчката државна телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина, портпаролот рече дека во преговорите Атина смета дека постојат три различни прашања за кои разговара, односно како што рече „три основни столба на грчките позиции“.

– Првото е сложено име. Второто е она што го нарекуваме „ерга омнес“ односно сложено име за севкупна употреба, што го вклучува и соседот, што значи дека е неопходна промена во уставот, за да може ова „ерга омнес“ да се реализира. И третото е она што се однесува на иредентизмот, што исто така се поврзува со промени во уставот. И мислам дека добро ќе биде да не го предвидуваат резултатот и да не поставуваат црвени линии – изјави Ѕанакопулос.

Инаку, Димитров на вчерашната прес-конференција рече дека „не може никој, па ни нашиот сосед Грција, да го сопре нашето право, правото на моите сограѓани да бидат Македонци и да зборуваат македонски јазик кој е од групата на словенските јазици.