Славни

Порно актерот Рон Џереми обвинет за уште 13 силувања – му „висат“ 250 години затвор

Легендарниот актер од филмовите за возрасни и порноиндустријата, Рон Џереми, е обвинет за сексуално насилство врз уште 13 жени, вклучувајќи и 15-годишна девојка, објавија обвинителите на Лос Анџелес. Тие кажаа дека нападите се случиле во 2004 година.

67-годишниот Џереми е веќе обвинет за силување и сексуален напад врз четири жени во периодот од 2014 до 2019 година. Ако биде прогласен за виновен, Џереми се соочува со затворска казна од 250 години.

Џереми, кој за четири децении снимил повеќе од 1.700 филмови, првпат се појави на суд во јуни, кога беше обвинет за силување на 25-годишна и 30-годишна жена, како и за сексуален напад врз две други.

„Мојот клиент спиел со повеќе од 4.000 жени и жените едноставно му се нафрлале“, изјави тогаш неговиот адвокат.

Набргу потоа, обвинителите собрале нови обвинувања против Џереми и тие сега вклучуваат вкупно 20 случаи на силување и сексуален напад врз жени на возраст меѓу 15 и 54 години.

To Top