Банките ќе носат одлука кому да му се продолжи рокот за неплаќање кредитни ратни


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Банките ќе одлучуваат кои граѓани ќе добијат повторно шестмесечно одложување на плаќањето рати за кредитите. Ова е конечната одлука на Народна банка.

Одложување на кредитите ќе добијат клиенти кои имаат реална потреба за тоа, односно останале без работа, имаат намалени примања, високи трошоци за лекување и слично. Во најкус можен рок банките ќе ги дефинираат критериумите и условите кои ќе треба ги исполнат клиентите со цел одложување на кредитот најдоцна до март следната година.

„Банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид 19. Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките.

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид кризата може да трае до шест месеци, односно до крајот на март 2021 година“, велат од Народната банка.

Секоја банка на својата официјална веб страна ќе го објави процесот и постапката за одложување на кредитните обврски. Од датумот на објавата, клиентите во рок од 10 дена ќе треба да побараат дека им е потребно потвроно одложување на кредитот.

„Детални информации, во рамки на своја постапка и методологија, секоја деловна банка ќе објави на својата интернет страница во најкус можен рок околу процесот и постапката преку која ќе се овозможи вториот период на одложена отплата. Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата“, рекоа од Македонската банкарска асоцијација.

Граѓаните кои ќе побараат одложување ќе треба да ја информираат банката за причините за одложување на кредитите, по што овие барања ќе бидат разгледани и банката ќе донесе одлука дали ќе има второ одложување. Оние на кој нема да им се одобри барањето, веќе од први октомври ќе треба да почнат со редовна исплата на ратите за кредитите и на кредитните картички.