Поради огромната популарност за време на коронавирус епидемијата Zoom под високо ниво на надзор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради зголемената популарност која рапидно порасна за време на епидемијата на коронавирус во светски рамки, апликацијата за видео конференции Zoom, се најде под високо ниво на контрола. Во моментов милиони луѓе ја користат за работа од дома или за онлајн настава, јави пренесува ВВС.

Јавната правобранителка на Њујорк Летиша Џејмс испрати писмо до Zoom со цел да ја изрази загриженоста за нивната способност да се справат со порастот на корисници. Во писмото, јавниот правобранител ги прашува од Zoom, дали ги разгледале своите безбедносни мерки откако нивната популарност се зголемила. И исто така истакна дека во минатото апликацијата многу бавно ги решавала проблемите.

„Zoom ја зема предвид приватноста, безбедноста и довербата на корисниците многу сериозно. За време на пандемијата на Ковид-19, ние работиме деноноќно за да се осигураме дека болниците, училиштата, универзитетите и бизниси ширум светот ќе останат поврзани и ќе функционираат. Ја цениме загриженоста на јавниот правобранител на Њујорк за овие проблеми и среќни сме што можеме да ги обезбедиме бараните информации“, изјави портпаролот на компанијата Zoom.

Неодамна британскиот премиер Борис Џонсон сподели фотографија со коментар дека го води владиниот состанок преку апликацијата Zoom, што покрена прашања за тоа колку е безбедна за употреба.

Компанијата ги отфрли таквите стравувања „На глобално ниво, Zoom се погрижи за безбедноста на 2.000 институции од најголемите светски финансиски компании до водечки провајдери за телекомуникации, владини агенции, универзитети, здравствени установи, телемедицински практики“ соопшти за Би Би Си оваа компанија.

Апликацијата Zoom во минатото имала многу пропусти со безбедноста, вклучувајќи и ранливост што им дозволувала на хакерите да ги отстранат присутните од состанок, измислени пораки од корисниците и хакирање на екраните. Исто така, корисниците на Mac забележале дека апликацијата автоматски правела повици без нивно знаење.

Таа е најкористена апликација во САД и втора во Велика Британија.