Домашен тест кој открива присуство на зараза од коронавирус и други инфекции во рана фаза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научните експерти од Универзитетот во Њукасл создадоа тест кој се прави во домашни услови, а може да открие присуство на зараза од коронавирусот уште пред да се манифестираат симптоми на болеста.

Тестот може да даде резултат за неколку секунди со откривање на ран маркер во човековото тело, кој се ослободува откако имунолошкиот систем ќе дојде во контакт со вирусот.

Иако еден од овие маркери, наречен неоптерин, не го идентификува конкретно ковид-19, сепак тестот може да покаже дека имуниот систем е активиран.

-Тестот може да се смета за рано предупредување, пренесува „Сандеј телеграф“.

Тестот на британските научници доаѓа откако откако 708 луѓе позитивни на коронавирусот починаа во саботата во Велика Британија, со што вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 се искачи на 4.313 лица.

Колин Селф, професор на Универзитетот во Њукасл, изјави дека новиот тест би можел да го забави ширењето на ковид-19.

–Неоптерин-тестот ни дава многу рана индикација дека некој има инфекција“, изјави проф. Селф.

Тестот би можел да се доставува по пошта до голем број на Британци кои се „заробени“ во нивните домови. Може да се прави дома преку крв, плунка или урина.