Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Поради деновите на жалост заради трагичната автобуска несреќа што се случи во Бугарија во која во македонски автобус изгореа 46 патници, а неколкумина се повредени, СДСМ ги одложи за вечерва закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор .
„СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и на ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и до целиот наш народ“, посочуваат од СДСМ.
Нема информација кога ќе се одржат овие состаноци, на кои, како што беше најавено, се очекуваше претседателот на партијата Зоран Заев да поднесе оставка на оваа функција и да почне да тече рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер.
Заев од рано утрово, заедно со министрите за надворешни рабти и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче се во Бугарија, каде ги посетија повредените преживеани патници, а потоа беа на средби со највисоките бугарски претставници.
Преходно и Алтернатива ја откажа седницата на Централното претседателство која беше закажана за денеска, а на која се очекуваше партијата да дискутира и да одлучи дали ќе се приклучи кон парламентарното мнозинство и ќе влезе во Владата.