Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, понеделник, 8. мај, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Дневната температура ќе достогне до 24 Целзиусови степени. Маврово 17, Охрид 22, Битола 23, Крива Паланка и Берово 20, Кавадарци 24, Дојран 25.

Утре облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, а во југоисточните делови и пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 17 степени.