Home Актуелно Министерот за образование на Србија си поднесе оставка

Министерот за образование на Србија си поднесе оставка

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Оставката следи неколку дена по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, во која 13-годишниот ученик К.К. уби девет луѓе, меѓу кои осум ученици и чувар.

„Оставката е личен, но и политички чин, во развиените демократски општества, а во нашиот регион многу често е одлика на слабост. Јавноста нека суди“, наведе Ружиќ, меѓу другото, во писмото до српската премиерка Ана Брнабиќ кое го објави на Твитер.

Смета дека тоа е „единствената рационална и чесна“ одлука во актуелните околности.

Во писмото до премиерката наведе и дека оставката ја понудил и на денот на трагедијата, во средата.

Ружиќ функцијата министер за образование на Србија ја вршеше од октомври 2020 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…