Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, понеделник, 12. декември, ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер.

Дневните температури ќе достогнат: во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид и Битола 10, Крива Паланка 9, Берово 8, Кавдарци и Дојран 14.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движѓат од 2 до 10 степени.