Почина проф. Анета Бучковска, бивша сопруга на поранешниот премиер и министер Владо Бучковски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На 58-годишна возраст, вчера почина професорката на ФЕИТ Анета Бучковска. Посмртните останки на починатата Бучковска ќе бидат изложени во капела утре во 11 часот на Градските гробишта Бутел.

Професорката на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ стана доктор по математика во 2000 година, а од 2001 година предаваше на Институтот за математика и физика на ФЕИТ.

„Со голема тага Ве известаме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел. Бог да ја прости, сочуство до најблиските а ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница за која ќе бидете дополнително известени“, напишаа од ФЕИТ.

Бучковска беше поранешна сопруга на поранешниот премиер, Владо Бучковски.