Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Првиот октомвриски понеделник времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината е можен краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде 20 Целзиусови степени. Маврово 14, Охрод и Битола 21, Крива Паланка и Берово 16, Кавадарци 22, Дојран 26.

Утре времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 13 до 22 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…