Home Спорт Како тргнало, Американците ќе ја купат цела Премиер лига

Како тргнало, Американците ќе ја купат цела Премиер лига

Според последните информации од Островот Евертон е пред добивање на нов газда и тоа американскиот милијардер Мацијек Камински кој е со седиште во Минесота.

Англиските медиуми објавија дека тој е на чекор да го купи клубот за 400 милиони евра. Информациите се дека тој и сегашниот газда Фарах Мошири веќе се во завршна фаза од преговорите, меѓутоа засега проблеми со преземањето прави нестабилниот пазар во Обединетото кралство.

Доколку падне конечен договор за што шансите се големи, треба да помине и процесот на купопродажба и одобрувањето од Премиер лигата. Треба да се спомене и дека во таков случај половина клубови во Премиер лигата би имале американски газди, тој би бил 10-тиот.

Камински е полски државјанин кој во 60-тите се преселил во САД каде што прво работел како инвестициски советник, а потоа инвестирал во недвижности.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…