Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Последниот августовски понеделник во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…