Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, 13. јуни, понеделник, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места во форма на невреме.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 28 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци 28, Дојран 31.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Дневните температури ќе се движат од 21 до 32 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…