Избори во Франција – еве што велат излезните анкети по првиот круг

Центристите предводени од актуелниот француски претседател Емануел Макрон се на добар пат да останат водечка политичка сила во парламентот, но засега не е познато што ќе добие и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на парламентарните избори.

Центристичката коалиција Заедно (Ансамбл) на Макрон би можелa да освои меѓу 275 и 310 места според анкетата на Ifop, додека според агенцијата Ipsos би освоил 255 до 295 места, а за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 места, додаде АФП.

Радио Франс Инфо, од своја страна, објави дека центристите на Макрон и левичарскиот сојуз предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон освоиле по 25,2 отсто од гласовите, а на третото место со 18,9 отсто е десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен.

Вториот круг од изборите е закажан за 19 јуни, а потоа ќе се знае дали Макрон ќе го задржи апсолутното мнозинство што ќе му овозможи да ги спроведе реформите што ги вети на почетокот на мај на почетокот на вториот претседателски мандат. Право на глас имаа 48 милиони Французи кои вчера можеа да гласаат за 577 пратеници. Излезноста беше само 47 насто, најмалку во модерната историја.