Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска во Македонија ќе биде до умерено облачно и нешто потопло, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степена.