Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот августовски понеделник во Македонија носи сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 38 Целзиусови степени, Маврово 30, Охрид 33, Битола 35, Крива Паланка 34, Берово 32, Кавадарци 38, Дојран 39.

Прогнозата и за утре е сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во горниот дел на Повардарието од северен правец.