Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, 5. јули, понеделник, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од  27 до 36 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.

Следните денови претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а максималните од 28 до 38 степени.

Услови за изолирана нестабилност ќе има в четврток и на почетокот на викендот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…