Половина од светското богатство во рацете на моќните милионери ширум светот


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најмоќните и најбогати луѓе на светот го зголемиле личното богатство за 12 насто, па сега тоа во бројки изнесува 202 трилиони долари.

Богатството на светските моќници и милионери пораснало благодарение на скокот на пазарот на акции и слабиот долар, покажале резултатите на годишниот извештај на консултантската компанија „Boston Consalting Grupe“ (BCG).

Тоа значи дека во рацете на милиониерите сега е половина од целокупното лично богатство, што е повеќе во однос на 45 отсто од 2012 година, се наведува во извештајот кој го пренесе Блумберг.

Иако жителите на Северна Америка имаат најголем дел во тоа богатство (43 посто) , најбрзиот раст на богатството е регистриран во Азија, Латинска Америка и на Блискиот исток.

Повеќето супербогати живеат во САД, Кина и Јапонија.

Годишното истражување покажало и дека Швајцарија во 2017та година ја задржала позицијата на најголемиот центар за управување со имот во офшор зони, во вкупната вредност од 2 300 милијарди долари.

Следи Хонг Конг со 1 100 милијарди долари имот доверени на управување и Сингапур со 900 милијарди долари.

Повеќе од 35 милиони Американци се сопственици на имот вреден од 250 000 долари до милион долари.