Home Актуелно Поладно и облачно време

Поладно и облачно време

Денешниот ден, среда, 22. септември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид и Битола 21, Крива Паланка и Берово 16. Кавадарци 22, Дојран 25.

Утре претпладне ќе имаме променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 24 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…