Home Вебкафе Покривот на светот се дави во ѓубре – Кина забрани качување на Монт Еверест

Покривот на светот се дави во ѓубре – Кина забрани качување на Монт Еверест

Поради акцијата за расчистување на огромните количества смет насобран од големиот број комерцијални планинарски експедиции, Кина забрани пристап за туристите до базните логори за искачување на Монт Еверест од страната на Тибет.

Според кинеските медиуми , забраната се однесува на ,,обичните туристи” , додека алпинистите кои ги извадиле потребните дозволи , имаат право да се качуваат на ,,покривот на светот”.

Пристапот ќе биде забранет над манастирот Рангпо на околу 5.000 метри надморска височина. Новиот базен логор ќе биде сместен на околу два километри од досегашниот.

Освен огромните количества смет, поради стопените масиви, често се наоѓаат и тела на загинати алпинисти.

Освен забраната за туристи во базните логори, Кина ќе воведе и обврска за преземање на загинатите алпинисти од височините над 8 000 метри, како и ограничување на бројот на алпинисти во базните логори до 300.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…