Од денес емитувањето на едукативната програма „ТВ Училница“ на МРТВ продолжува со зголемен интензитет.
Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, продукција „ОХО“ и Македонската радио-телевизија ќе обезбеди повеќе часови за повеќе генерации ученици.
Од МОН апелираат учениците да не ја пропуштаат наставата преку „ТВ Училница“, нагласувајќи дека едукацијата не смее да запре зашто знаењето е најмоќната алатка за личен успех.
Исто така, од денеска и сите факултети треба да организираат онлајн-настава за студентите поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот.