Погледнете како оди морска ѕвезда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Снимката на која се гледа како една сончогледна морска ѕвезда чекори по песочната плажа е направена во октомври, 2012 година. На видеото се гледа како морската ѕвезда се обидува со одење да си го најде патото до нејзината природна средина, океанските води кај Аутер Бенкс, Северна Каролина.

Возрасните сончогледни морски ѕвезди можат да се движат со чекорење со интересна брзина од 1 метар во минута. За движење ги користат нивните 15.000 цевчести нозе кои ги имаат на нивните краци. Други видови на морски ѕвезди се движат со помала брзина од споменатата.

Никогаш не е добар знак или појава да се види морска ѕвезда како оди на сува површина. Тие дишат преку апсорпција на кислород од морската вода. На копно брзо се задушуваат. За среќа, ѕвездата од видеото беше навремено вратена во океанските води и спасена да не загине.