Погледнете како да подготвите салата која сите ќе ја обожаваат!

подготвите салата

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Салатата е одлично јадење, но нажалост многу луѓе не може да ја замислат како оброк. Не мора да бидете љубител на сиров зеленчук за да уживате во нејзиниот вкус.

Започнете полека

Не мора одма да натрупате зелени листови во својата чинија. Почнете полека, и јадете ја како предјадење или прилог. За почеток добра зелена салата, а ако сакате појак вкус тука се спанаќот и брокулата. Доколку сировиот зеленчук ве прави нервозни, пробајте салата со моцарела, босилек и пилешко месо.

Гледајте на салатата како подлога за додавање на вкусни преливи

Никој не вели дека потребно е да ставите половина килограм сланина во салатата за таа да биде вкусна. Фините кремасти преливи може да направат „чудо“ од вашата салата. Експериментирајте и пробувајте со нив, додека не го пронајдете соодветното решение.

Напревате сопствени додатоци и преливи

Дефинитривно би требало да ги подготвите преливите, не само поради вкусот туку и фактот дека купените преиви во себе содржат нездрави состојки полни со фруктоза. Друга причина за сами да ги подготвите е тоа што тие многу едноставно и брзо се прават. Со маслиново масло, оцет или мед и сенф вие може да направите одлични преливи.

Додадете „топлина“ во салатата

Ладната зелена салата и насечканиот морков не секогаш се најдобар избор. Важно е понекогаш да додадете топли состојки. Така со свежо испечен зеленчук, јаткасти плодови или варени јајца ќе ја направите вистинската комбинација.

Клучно е да запаметите…

Кога ја припремате сакатата размислувајте за текстурата, протеините, домашните преливи и комбинацијата на различни зеленчуци и сирења. Разбудете ја креацијата и салата мора да биде совршена.