Погина мегапопуларниот Јутјубер Грант Томпсон!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мегапопоуларниот Јутјубер и сопственик на каналот King of Random, Грант Томпсон, погина во несреќа на параглајдинг, а тоа го потврди и неговата фамилија, а пренесуваат и светските медиуми.

Томпсон во понеделникот вечерта заминал на параглајдин и не се вратил, а полицијата неговото безживотно тело го пронашла вчера.

Несреќата се случила во Јута, а околностите се се уште непознати. Неговиот брат Марк рече дека Томпсон со параглајдинг се занимавал пет месеци, но пред тоа скокал со падобранци и ги сакал останатите екстремни спортови.

Неговиот Јутјуб канал е еден од најпополураните на интерен и има 11 милиони претплатници и повеќе од 2 милијарди прегледи.