Поезија за едни легенди: „Трубадури“ – Сашо Гигов Гиш, посветена на Тефо и Крле


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тефо или, поточно, Тефик Абдула, стана легенда уште за неговиот живот, со неговиот омилен инструмент примот. Уште пославна е неговата песна која и ден-денес се пее “Нели ти стига мојата младост”, која стана химна и која им е при срце на сите мераклии на доброто друштво и забавата, пишува Данило Коцевски

ТРУБАДУРИ

(Сашо Гигов Гиш)

На Крле и Тефо како последен поздрав
„Откога те млада заљубив, бујна младост по теб’ изгубив“…

Едниот имаше гитара наместо душа
Другиот знаеше земјата дур плаче да ја слуша
Едниот умееше да остане на уште по тура
Другиот го беше нагрбил животот ко поскура

Обајцата затвораа кафеани, обајцата на светов сами

Едниот пееше „Малагењаса роса“
Додека другиот пијан дома го носат
Двајцата заедно низ тага и радост
со „Нели ти стига мојата младост“

Обајцата животот за бакшиш го оставаа
Обајцата животот на бакшиш го даваа
Обајцата барабар низ болка и радост
со „Нели ти стига мојата младост“

Двајцата затвораа кафеани, двајцата на светот сами
и двајцата си отидоа си отидоа барабар
го ставија Скопје на некои млади нови трубадури
на нови џумбушлии на нови бакшиш-тури

И ако некогаш излегувајќи од „Јоле“
загледани в небо, Ѕвездите ви се сторат
пијани од вселенска радост
тоа сигурно Крле и Тефо на небото
ја свират „Нели ти стига мојата младост“