Home Наука и техонологија Поезија за душа: КРАЈ НА ЛЕТОТО – Влада Урошевиќ

Поезија за душа: КРАЈ НА ЛЕТОТО – Влада Урошевиќ

Затвори го ова лето во кутија од слама

во кула од песок во преграб од ветар

во чашка од мак

Затвори го лесно

затвори го така за да може пак

да се јави некогаш кога си сам некогаш зиме

да се јави како мирис како заборавено име

како лековит знак

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…