Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, на отворено кај Аква паркот во близина на А1 Арена во Скопје почнува Саемот на книга 2021. Покрај изложбено-продажниот дел, организаторите во текот на саемските денови од 8 до 14 септември, најавуваат и 33 промоции на нови дела и автори.
Во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе се реализираат промоции на нови изданија од Државниот Архив на РСМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божилак, Издавачки Центар Јени Балкан.
Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).
На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, а покрај промоциите, ќе има и големи саемски попусти до 70отсто.
Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Програмата и распоредот на промоции можат да се видат ТУКА.
Саемот за книга ќе се одвива на отворено, согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метра и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.
Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.