Вебкафе

Починат газда на јавни куќи обвинет за силување победи на изборите во САД

Традиционално републикански настроениот мал округ во Невада, на изборите кои завчера се одржаа во САД, мнозинските гласови му ги дадоа на кандидат кој е веќе починат, а бил обвинет за силување.

Покојниот Денис Хоф бил сопственик на неколку јавни куќи. Хоф , кој бил пронајден мртов минатиот месец , ги добил гласовите на дури 63 проценти од избирачите во својата изборна единица за пратеник во собранието во Невада.

Бидејќи во моментот на неговата смрт гласачките ливчиња веќе биле отпечатени, немало можност да се избрише неговото име. Неговото пратеничко место сега се смета за празно , па посебен одбор од таа изборна единица ќе го одреди неговиот наследник.

Неговата кампања беше проследена со големи огласи во кои републиканскиот кандидат ветувал укинување на даноците и заштита на правото на носење и поседување оружје.

Американските медиуми пишуваат дека две вработени во неговите јавни куќи го обвиниле за сексуално злоставување , за што постои и полициско досие. 72 годишниот Хоф починал на 16 октомври во една од неговите јавни куќи , каде претходната вечер организирал раскошна роденденска забава.

Прославата ја продолжил со раперот Флевор Флев и порно актерот Рон Џереми, кој следното утро го пронашол неговото тело.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top