Home Спорт Почина Владимир Михајловски – Папс – спортски работник кој својот живот му го посвети на Вардар

Почина Владимир Михајловски – Папс – спортски работник кој својот живот му го посвети на Вардар

Ракометното семејство на Вардар загуби спортски работник, откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949) кој целиот свој живот го посвети на Вардар и ракометниот клуб.

Тој беше дел од РК Вардар во времето кога „црвено-црните“ почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните“, почнувајќи од легендарната сала Расадник па до СРЦ Кале, на првите европски настапи и искачувања.

Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот.

Без еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…